ФотосинтезаЗелените растенија создаваат своја храна во хемиски процес наречен фотосинтеза.Светлосната енергија на Сонцето се претвара во хемиска енергија во шеќерот глукоза. Светлосната енергија ја прима зелениот пигмент наречен хлорофил. Тој се наоѓа во органелите во клетките на зелените растенија, наречени хлоропласти. Растителните клетки што го вршат најголемиот дел од фотосинтезата, како што се палисадните клетки на листот, содржат големи количини хлоропласти за да примат голема количина на светлина. Сликава прикажува една палисадна клетка. За претворање на јаглерод диоксидот и водата во глукоза и кислород е потребна енергија. Јаглерод диоксидот доаѓа од воздухот преку листовите. Водата се добива од почвата преку корењата. Реакцијата може да се прикаже со следнава равенка, искажана со зборови:
Растенијата и животните го употребуваат кислородот за дишење. Глукозата претставува извор на енергија за сите животни. |
||||||||||||||||||||||
Употреба на глукозатаРастенијата користат само дел од глукозата во процесот на дишењето.Ослободената енергија се користи за соединување на помали молекули во поглеми:
|
||||||||||||||||||||||
Потреба од минералиМинералните соли се неопходни за здрав развиток на растенијата.Тие се примаат од растението од почвата, во облик на минерални јони.
|
||||||||||||||||||||||
Експерименти со фотосинтезатаЗа да се покаже дека светлината, јаглерод диоксидот и хлорофилот се трите компоненти на процесот на фотосинтеза може да се изведат неколку експерименти.Ако недостасува некоја од овие компоненти, растението не може да врши фотосинтеза. За да утврдиме дали растението врши фотосинтеза, отстрануваме лист и го подложуваме на процес на проверка за скроб.
Само централниот дел од листот содржел хлорофил. По испитувањето, растворот на јод го поцрнува само тој дел, со што е докажано дека хлорофилот е потребен за процесот на фотосинтеза. |
||||||||||||||||||||||
Интензитет на фотосинтезаВрз интензитетот на фотосинтеза имаат влијание неколку фактори:
На графиконот, линијата А покажува дека со зголемувањето на интензитетот на светлината, пропорционално се зголемува интензитетот на фотосинтеза. Линијата може да премине во некоја друга линија и натамошното зголемување на интензитетот на светлината нема да има влијание врз интензитетот на фотосинтеза. Линијата Б покажува дека интензитетот на фотосинтеза се зголемува пропорционално со зголемувањето на температурата. Тоа значи дека температурата претставува ограничувачки фактор во процесот на фотосинтезата. Универзитет ''Гоце Делчев'' |
Wednesday, December 24, 2014
Исхрана на растенијата
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment