Wednesday, December 24, 2014

Растенија што го прочистуваат воздухот во домот



Растенијата се природни филтри кои испуштаат кислород и го впиваат јаглеродниот моноксид кој е штетен по здравјето на луѓето. Но, тие имаат и друга функција освен примарната.
„Растенијата ослободуваат кислород и така помагаат да се отстранат хемикалиите кои испаруваат во затворени простории и можат да предизвикаат респираторни проблеми“, вели Б.Ц. Волвертон за магазинот Health.
Кои цвеќиња се корисни за прочистување на воздухот во вашиот дом?

 
1. Бамбус палма

Ова растенија ги елиминира формалдехидите, јаглерод моноксидот и останатите штетни супстанци. Може да порасне до три метри, изгледа како одличен декор во секој простор, а во зимските месеци обезбедува влага. Ова растение сака светлина и редовно залевање со вода.
 
2. Фикус
Постојат повеќе видови од ова растение. Има големи зелени листови кои редовно треба да се бришат со влажна крпа, а летно време треба почесто да се залева со вода. Спаѓа меѓу оние билки што можат да трпат и пониски температури.
 
3. Хризантема

Иако ова не е собно цвеќе, може да трае околу шест недели, а според стручњаците, хризантемите се одличен прочистувач на воздухот бидејќи ги елиминира киселините, формалдехидите и бензените.
 
4. Спатифилиум – Крин на мирот
Ова растение од семејството лилјани е особено убаво поради белите цветови, а исто така е корисно бидејќи го прочистува воздухот. Од голема важност е да ги чистите листовите од прашина и да ги негувате цветовите.
 
5. Англиски бршлен
Ова зимзелено растение е идеално за домовите во кои има домашни миленичиња бидејќи ги впива мирисите од нивните фекалии. Не се изложува директно на сонце и бара редовно залевање за да биде земјата влажна. Може да се чува и во теглички поставени на ѕид како одличен декор.

 Универзитет ''Гоце Делчев''

No comments:

Post a Comment