Употреба на водатаНа растенијата им треба вода за повеќе функции:Кога водата навлегува во клетките на растението по пат на осмоза, таа го зголемува притисокот во клетките потиснувајќи ги вакуолите кон ѕидовите на клетката. Тој притисок ги одржува ѕидовите на клетката цврсти и напнати, со што растението добива потпора. |
|||
Преносниот систем на растенијатаВо стеблото на растението, водата и хранливите состојки се пренесуваат во два одвоени система.• Водата и растворените минерални соли се пренесуваат со цевките на ксилемот. Водата по пат на осмоза ја примаат од почвата низ кореновите влакненца Водата се дивжи нагоре благодарение на испарувањето од листовите на врвот на растението. Оваа појава се нарекува транспирација. Овој проток на водата во растението се нарекува проток на транспирација. • Хранливите состојки, како што е шеќерот создаден во листовите, се транспортираат во обете насоки, нагоре и надолу по растението, низ клетките на флемот. Хранливите состојки се користат за развојот на клетките, додека вишокот се складира во соодветните органи, како што се корењата. Водата патува нагоре по ксилемот. Хранливите состојки патуваат нагоре и надолу по флемот. |
|||
Транспирација
Транспирацијата претставува испуштање на водата од површината на листовите.
Интензитетот на транспирација е поголем при топли, суви и ветровити временски услови. За испитување на количините на вода, што навлегува во растението, се користи потетометар.
Од растението се сече гранка и се вметнува во апарат сместен под вода, со цел спречување на воздухот да навлезе во системот.
Сите отвори се запечатени со водоотпорна материја и се непропусни.
Притоа, се мери растојанието што водата го поминува низ капиларната цевка во единица време.
Колку што е поголемо растојанието што водата го поминува во
системот, толку е поголемо навлегувањето на водата во гранката и според
тоа, толку е поголем интензитетот на транспирација.
|
|||
Структура на листот
Функцијата на листот е да ја врши фотосинтезата.
Тие клетки содржат големо количество хлоропласт.Палисандните клетки се наоѓаат на врвот на листот и апсорбираат големо количество светлина. Водата навлегува во листот по пат на ксилем садовите од жилите. Водата се дифузира во воздушниот простор во палисадните клетки. Дел од водата испарува од листот низ мали отвори наречени стоми. Стомите претежно се наоѓаат на долната површина од листот, кад ешто е посвежо. Преку стомите, во листот навлегува јаглерод диоксидот од воздухот. Големината на стомите се контролира од стражарските клетки. Ако растението има доволно вода, стражарските клетки се цврсти и ја отвараат стомата за да го допуштат јаглерод диоксидот. Ако растението нема доволно вода, стражарските клетки стануваат меки и ја затвараат стомата за да го спречат натамошното губење на водата. растението не венее. Загубата на водата се намалува со обвивката на листот, восочна на допир, која што е водоотпорна. Растенија што живеат во суви услови имаат подебела обвивка на листот, например кактусите. Универзитет ''Гоце Делчев'' |
|||
Tuesday, December 23, 2014
Транспорт на водата кај растенијата
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment