Monday, December 29, 2014

Зимска нега на цвеќе во домашни услови

hortikultura.mk_nega_na_cveke_vo_zima_2
Зимата е на прагот, а растенијата бараат посебна нега во текот на зимските месеци. Во тие услови самите растенија имаат недостаток на природна светлина и воздух. Сепак, треба се внимава да не се изложуваат на директна промена на температура, туку како идеална температура се препорачува помеѓу 15 и 20°С. Кога се проветрува просторијата во која се чуваат, цвеќето мора да го заштитите од промаја на тој начин што ќе го преместите на друго место.
Како неопходен услов за соодветна грижа за растенијата е потребата од изложеност на светлина и поблиска поставеност до самите прозорци каде може да навлезе светлина. Не се препорачува да се изложуваат блиску до радијатори или други апарати за домашно греење. За да може напролет да цветаат, во текот на зимата не е потребно да се залеваат, освен ако во станот е многу топло.

Хидропоника – одгледување без почва

Хидропониката претставува одгледување на растенија во течен раствор од вода и неопходните минерални хранливи елементи за конкретниот вид. Овој вид на производство е сличен на тоа што го прават нашите мајки и баби за размножување на одредени видови цвеќиња во нашите домови, со тоа што во овој случај се посветува поголемо внимание на достапноста на потребните микроелементи за поголем принос, особено кога станува збор за производство на прехранбени сорти. Во суштина, самата почва претставува обновлив извор на сите микроелементи потребни за непречен раст и развој на растенијата, што значи дека доколку на растенијата им се обезбедат потребните хранливи материи, тие можат да растат и да се развиваат без почва.
hidrop - 2

Светлина на растенијата


Како реагираат цвеќињата при промена на осветлувањето?
Иако одделни видови цвеќиња имаат конкретни барања во однос на светлината, кои е потребно да се почитуваат, треба да се напомене дека тие се навикнуваат кон условите на осветлување, каде што се ставени. Секое преместување може да влијае негативно врз натамошниот развој и да доведе до паѓање на цветните пупки, пожолтување и пад на листовите, пречки во растот и др.
Паралелно со тоа треба да се знае дека цвеќињата реагираат дефинитивно и на должината на денот. Во врска со тоа, тие се делат на растенија на краток ден, растенија на долгиот ден и неутрални растенија.

Услови за живот и растење на растенија

Растенијата се многуклеточни автотрофи ,што значи произведуваат храна .
Според животниот век се делат на : едногодишни, двегодишни и повеќегодишни.
Растенијата имат три животни процеси а тоа :
- Фотосинтеза
- Дишење
- Транспирација

Wednesday, December 24, 2014

Исхрана на растенијата

Фотосинтеза

Зелените растенија создаваат своја храна во хемиски процес наречен фотосинтеза.
Светлосната енергија на Сонцето се претвара во хемиска енергија во шеќерот глукоза.
Светлосната енергија ја прима зелениот пигмент наречен хлорофил. Тој се наоѓа во органелите во клетките на зелените растенија, наречени хлоропласти.
10.13_palisade_cellРастителните клетки што го вршат најголемиот дел од фотосинтезата, како што се палисадните клетки на листот, содржат големи количини хлоропласти за да примат голема количина на светлина.
Сликава прикажува една палисадна клетка.
За претворање на јаглерод диоксидот и водата во глукоза и кислород е потребна енергија.
Јаглерод диоксидот доаѓа од воздухот преку листовите.
Водата се добива од почвата преку корењата.

Растенија што го прочистуваат воздухот во домот



Растенијата се природни филтри кои испуштаат кислород и го впиваат јаглеродниот моноксид кој е штетен по здравјето на луѓето. Но, тие имаат и друга функција освен примарната.
„Растенијата ослободуваат кислород и така помагаат да се отстранат хемикалиите кои испаруваат во затворени простории и можат да предизвикаат респираторни проблеми“, вели Б.Ц. Волвертон за магазинот Health.
Кои цвеќиња се корисни за прочистување на воздухот во вашиот дом?

Tuesday, December 23, 2014

Транспорт на водата кај растенијата


  Употреба на водата

На растенијата им треба вода за повеќе функции:
  • за фотосинтеза
  • за пренос на растворени биохемиски соединенија низ растението
  • за ладење на растението низ испарување од листовите
  • за задржување на цврстината на листовите и потпора на растението 
 Кога водата навлегува во клетките на растението по пат на осмоза, таа го зголемува притисокот во клетките потиснувајќи ги вакуолите кон ѕидовите на клетката.

Тој притисок ги одржува ѕидовите на клетката цврсти и напнати, со што растението добива потпора.