Зимата е на прагот, а растенијата бараат
посебна нега во текот на зимските месеци. Во тие услови самите
растенија имаат недостаток на природна светлина и воздух. Сепак, треба
се внимава да не се изложуваат на директна промена на температура, туку
како идеална температура се препорачува помеѓу 15 и 20°С. Кога се
проветрува просторијата во која се чуваат, цвеќето мора да го заштитите
од промаја на тој начин што ќе го преместите на друго место.
Како неопходен услов за соодветна грижа
за растенијата е потребата од изложеност на светлина и поблиска
поставеност до самите прозорци каде може да навлезе светлина. Не се
препорачува да се изложуваат блиску до радијатори или други апарати за
домашно греење. За да може напролет да цветаат, во текот на зимата не е
потребно да се залеваат, освен ако во станот е многу топло.